Откако се договорија со Луис Суарез челниците на Атлетико Мадрид подготвуваат уште една трансфер „бомба“. Атлетико подготвиле договор за партнерот на Суарез во нападот на репрезентацијата на уругвај, Едисон кавани.
Странските медиуми објавија дека „јорганџиите“ на Кавани му понудиле едно годишен договор со можност тој да биде продолжен на уште една година. Доколку ја прифати понудата Кавани во Атлетико би заработувал нешто повеќе од 7.000.000 евра.
За да биде реализиран овој трансфер Атлетико најпрвин мора да го продаде Диего Коста. Интерес за Бразилецот со шпански пасош има кај Фенербахче и Бенфика.