ВАР системот во англиската Премиер лига честопати ни носи многу сомнителни ситуации, или за ситуации за пенал, или за ситуации за офсајд, но поништениот гол на Тимо Вернер против Ливерпул можеби е најбизарниот пример.
Се веруваше дека на дербито на „Енфилд“, гостите од Лондон стигнаа до водство во 24. минута од мечот, но според ВАР системот ова беше офсајд (кој сигурно се мери во сантиметри, ако не и милиметри).
Челси подоцна стигна до 0:1 водство на полувреме, со убавиот гол на Мејсон Маунт.