Top Sport

Нова ВАР контроверза во Премиер лигата – Вест Бром оштетени за гол

По вчерашното контроверзно користење на ВАР на мечот Тотенхем-Манчестер јунајтед и поништувањето на голот на Единсон Кавани, вечерва ни стигнува нова ВАР-глупост од Премиер лигата, овојпат на мечот на Вест Бромвич Албион со Саутемптон.

ВБА на Сем Алардајс грчевито се бори да ги заддржи шансите за опстанок, така што овој поништен гол на Диањ посебно боли, посебно кога е јасно дека тој не е во офсајд позиција при постигнувањето на голот.

Scroll to Top