Top Sport

Фјури: Ако не ми се јават до утре, нема меч со Џошуа

Тајсон Фјури вели дека ќе „тргне понатаму“ доколку не слушне ништо за потенцијален договор за меч за обединување на титулите со Ентони Џошуа, уште еднаш искажувајќи ја фрустрацијата од преговорите на двајцата боксери.

Преговорите траат веќе неколку недели и иако од кампот на Џошуа најавуваа дека наскоро ќе имаме официјална потврда, „Џипси кинг“ изјави дека ќе планира други мечеви ако нема договор до утре.

„Ако не слушнам ништо до вторник, ќе тргнам понатаму, бидејќи мислам дека помина долго време. Видеото дека имам договор со Џошуа го објавив во јуни минатата година. Се согласивме дека ќе боксуваме, а сега нема ништо“, вели Фјури.

Заканата како да „проработе“, откако агентот на Џошуа, Еди Херн изјави дека и неговиот боксер е очаен за меч. Џошуа, пак, на социјалните мрежи објави дека има „позитивни вести вечерва“ и дека ќе почне да се подготвува за меч.

Се тврди дека првиот од двата мечеви ќе се оддржи во Саудиска Арабија на 24 јули, но сепак, ќе почекаме за било каква официјална вест.

GoGoAnime gogoanime online: How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode 1

WCOStream wcostream dragon ball: The Rising of the Shield Hero (Dub) (https://wcostream.cc/m/PqwK) Episode 25

Scroll to Top