Јапонскиот репрезентативец Такехиро Томијасу признава дека за малку ќе се приклучел на Тотенхем, пред во последниот ден од преодниот рок да го обезбеди трансферот во лутите ривали, Арсенал.
„Топчиите“ го купија Томијасу за 16 милиони фунти од Болоња, и 22-годишниот Јапонец потпиша четиригодишен договор со клубот од „Емирати“ и дефанзивецот имаше одличен старт во северен Лондон.
„Мислев дека нема да одам во Арсенал, туку во Тотенхем. Преговорите пропаднаа во последниот ден од преодниот рок и кога Арсенал ме побараа, решив да одам таму“, вели Томијасу за „ДАЗН“.
Томијасу има седум настапи во 10 меча во Премиерлигата, сите како стартер, и иако нема ниту гол ниту асистенција, јасно е дека Микел Артета смета на неговиот талент.