Младиот фудбалер на Бенфика, Жоао Феликс е еден од најпосакуваните фудбалери кај европските гиганти, но сега Португалецот тврди дека успехот на теренот му помага и кај девојките, откривајќи дека добива многу голи фотографии од своите обожавателки.

19-годишниот Феликс, кој постигна хет-трик на дуелот на Бенфика со Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа минатата недела, за „Калчомеркато“ вели дека девојките го „опседнуваат“.

„Да, успехот ми помогна многу со девојките. На социјалните мрежи тие ми праќаат многу фотографии, некои од нив без облека. Не размислувам за девојка уште сега, уште сум млад. Има време за сè“, вели Феликс.

Португалецот, кој многумина го нарекуваат „Новиот Роналдо“, беше поврзуван со можни трансфери во Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.