Top Sport

Филип Жибер го доби „пеколот на северот“, Париз-Рубе! (видео)

Белгиецот Филип Жилбер во спринтерски финиш го победи Германецот Нилс Полит за првпат во кариерата на победи на елитната класична трка Париз-Рубе, за да доближи до победа на сите пет Монументални трки во велосипедизмот.

Ветеранот на Квик Степ, го искористи своето огромно искуство да го победи ривалот од Катјуша-Алпесин на велодромот во Рубе по пеколни 257 километри на калдрма во северна Франција. Белгискиот шампион и колега на Жилбер, Ив Лампер го освои третото место пред актуелниот шампион Петер Саган во 117. издание на „кралицата на класичните трки“.

Со оваа победа Жилбер зад себе има победи на  Трката околу Фландрија (2017), Лиеж-Бастоњ-Лиеж (2011), Џиро ди Ломбардија (2009, 2010) и Париз-Рубе (2019), и му останува следната година да се обиде да победи на Милан-Санремо.

Scroll to Top