Top Sport

Новата сезона во Англија ќе започне на 30 јули

Фудбалерите на Манчестер Сити и Ливерпул, првата пресметка во новата сезона ќе ја имаат првата пресметка на средината на летото. Станува збор за традиционален вовед во новата сезона, натпревар за Комјунити шилд купот кој традиционално се игра помеѓу шампионот и освојувач на ФА Купот.

Натпреварот ќе се одигра на 30 јули на стадионот „Кинг Пауер“ во Лестер.

Овој пат на тој судир нема да биде Вембли, бидејќи во тој момент ќе се одржи Европското првенство за жени, чие финале ќе се игра на 31 јули.

Натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул ќе започне во 17 часот.

Минатата година трофејот Комјунити Шилд им припадна на фудбалерите на Лестер.

Scroll to Top