Денес на Светското првенство во Русија ќе биде формирана втората полу-финална двојка. На програмата се натпреварите Шведска-Англија и Хрватска-Русија.
По вчерашните две пресметки за пласман во полу-финалето јасно е дека светскиот фудбалски владател повторно ќе биде од Европа. Последен пат титулата на Европејвите им ја зеде Бразил во 2002 година, а оттогаш наваму победуваа Италија, Шпанија и Германија.
По вчерашните натпревари првата полу-финална двојка ја формираа Франција и Белгија.
Денес, од 16 часот, на стадионот во Самара ќе играат Шведска и Англија, додека во Сочи домаќинот Русија ќе игра против Хрватска.