Реал Мадрид имаат нов проблем, откако потврдија дека Хамес Родригез добил повреда на потколеницата откако одигра еден час при 1:1 ремито со Реал Валјадолид во саботата.
Од Реал потврдија дека 28-годишниот Колумбиец, кој се врати на „Бернабеу“ по две години како позајмен фудбалер во Реал Мадрид, има повреда, но не објавија колку време тој ќе паузира.
„Денешните тестови покажаа дека Хамес Родригез има мускулна повреда на десната нога. Неговото опоравување почнува веднаш“, се вели во соопштението на клубот.
Мадрид веќе се без повредените Еден Азар и Ферлан Менди, додека Марко Асенсио ќе паузира речиси цела сезона откако ги скина лигаментите на коленото. Се очекуваше Хамес да замине во текот на летниот преоден рок, откако Атлетико Мадрид и Наполи беа заинтересирани, но на крајот тој засега остана во Шпанија. Хамес има 112 настапи за Реал од пристигнувањето во 2014 и уште две години од својот договор.