Top Sport

Нови главоболките на Гатузо, Наполи дома поразен од Фиорентина (видео)

Стратегот на калчолигашот Наполи, Џенаро Гатузо има нови главоболки откако го презеде кормилото на клубот од Неапол.

Неговите пулени вечерва неочекувано беа поразени на „Сан Паоло“ од екипата на Фиорентина со 2-0 во рамки на 20. коло во Серија А.

Наполи со Гатузо на клупата има дури 4 порази на последните 5 средби.

Предноста за гостите од Фиренца денеска ја донесе Киеза со гол во 26. Минута. Конечниот резултат го постави младиот Влаховиќ во 74. Минута.

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас кој по се изгледа не ужива голема доверба кај тренерот на Наполи мечот го проследи од клупата за резерви.

По 20 кола, екипата на Наполи е на 12. место во Серија А со само 24 освоени бода.

Во следното коло четата на Гатузо повторно ќе биде на голем испит, на стадионот во Неапол ќе гостува шампионот Јувентус.

Scroll to Top