Top Sport

Еибар го „сопна“ Атлетико во трката со Реал и Барса (видео)

Заврши серијата од три последователни победи за фудбалерите на Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ вечерва претрпеа пораз од 2-0 на гостувањето кај Еибар.

Еибар, кој сега е на 7 бода над местата и водат во понизок ранг, ги шокираше играчите Атлетико уште во десеттата минута.

Бургос беше прецизен за домашно водство 1-0.

Иако очекувано беше пулените на Диего Симеоне да притиснат за да го свртат резултатот, во второто полувреме создадоа неколку сериозни шанси за гол, сепак не успеаја да ја затресат противничката мрежа.

Експозито во 90 минута стави точка на триумфот на Еибар за конечни 2-0.

Во моментов, по некомплетно коло Атлетико е трет на табелата со 35 бода исто колку и Севилја на четвртата позиција.

Барселона е со 40 бодови (и меч помалку) пред нив, а Реал Мадрид му бега на градскиот ривал цели 8 бода.

Scroll to Top