Top Sport

Червар: Хрватска никогаш не падна на дно, прво ќе и се јавам на сопругата

Хрватска е во полуфиналето на ЕП, во клучниот меч предмалку ја совлада Германија со 25-24.

„Ова е навистина нешто. Морам да се заблагодарам и да им честитам на моите играчи кои на полувремето ја прифатија мојата теза дека не прифаќам пораз. Тоа е она што постојано го велам, дека можеш да загубиш само ако се откажеш. Мислам дека цело време ја фаќаавме предноста, ни направија голема предност, се обидоа да не добијат на физика. Ние на крајот покажавме дека вештината одлучува, беше тоа победа на сите наши играчи. Ја вративме Хрватска таму каде што и е местото. Нашите момци имаат иднина, драго ми е што ја вративме надежта. Кога бевме во минус, не се откажавме. Се договоривме на полувреме дека нема да се предадеме. Имавме доста неправди со нив, последниот пат ни го одземаа ЕП, но сега ги победивме. Ваквите мечеви се паметат“ – рече селекторот на Хрватска, Лино Червар по мечот, пренесуваат хрватските медиуми.

Тој додаде:

„Промашените пенали ни се покажаа како проблем, а ние во исто време покажавме ментална сила. Тоа ги дели врвните играчи од оние помаку силни. Само ние имаме континуитет, никогаш не сме паднале на 10. или 11. Место, мала нација сме, но секогаш сме тука. Прво ќе им се јавам на сопругата и децата, така ќе прославам“ – рече Червар.

Scroll to Top