Францускиот магазин за сатира „Шарли Ебдо“ никогаш не се плашел да предизвикува контроверзи, откако сега со невкусна насловна страница го одбележи стартот на Светското првенство во фудбал за жени, кое во петокот започна во Франција.
„Шарли Ебдо“, магазинот кој беше мета на терористички напад поради карикатурите на муслиманскиот пророк Мухамед, овојпат на насловната постави карикатура на вагина со фудбалска топка која влегува.
„Ќе го џвакаме ова цел месец“, стои на насловната.
Женското фудбалско првенство предизвика невообичаен интерес во Франција, но и некои бизарни реакции, како на францускиот филозоф Алан Финкелкро, кој откако беше запрашан дали ќе го гледа шампионатот, одговори бизарно.
„Не ми се допаѓа женскиот фудбал. Која е разликата? Доста со тоа еднаквост, еднаквост. Еднаквост да, но и различност. Секако, одлично е што жените играат фудбал, но тоа не значи дека мора да ми се допаѓа. Што е следно? Да гледам бокс меѓу жени ли рагби? Не го сакам тоа“, изјави Финкелкро.