Top Sport

Нови ужасни вести: Себастиен Але има малигнен тумор

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Себастиен Але има малигнен тумор, објави клубот во саботата. Лошата вест дојде неколку дена откако беше објавено дека тој е опериран од рак на тестисите.

Веднаш штом пристигна во својот нов клуб од Ајакс, му беше дијагностицирана загрижувачка дијагноза, која сега доби уште полоша нота.

28-годишниот фудбалер ќе биде надвор од терените најмалку неколку месеци.

Најверојатно, тој ќе мора да оди на хемотерапии кои траат со недели, а потоа неговото тело ќе мора да се бори со смртоносната болест.

За среќа, барем според луѓето од клубот, постои олеснителна околност.

„Себастиен сега ќе ја добие најдобрата можна грижа и шансите за опоравување се многу добри. Му посакуваме нему и на неговото семејство многу сила и оптимизам. Нашите мисли се со вас во овој тежок момент”, изјави Себастијан Кел, спортскиот директор на Борусија Дортмунд.

Scroll to Top