Италијанската фудбалска федерација го објави изгледот на новиот „трет“ дрес на националната селекција, „комеморативен“ дрес во невообичаена зелена боја.
„Ренесансниот“ дрес е направен за одбележување на новата генерација на италијански фудбалери, а последен пат зелен дрес репрезнтативците имаа во 1954 година, кога со 2:0 ја победија Аргентина. Тогаш, сите младински репрезентации на Италија носеа зелени дресови, бидејќи „азурниот“ дрес беше привилегија само за тие во сениорскиот тим.
Дебито на новиот дрес ќе биде дуелот од квалификациите за Европското првенство во 2020 против Грција, во меч во кој можат да обезбедат пласман со победа. Мечот се игра на „Олимпико“ во Рим.
Italy just dropped their new third kit: ? or ?️?
They’re calling this the “Renaissance jersey” for the green color which is to signify young players coming through the ranks & being the next generation
Second time Italy will ever wear a green kit & they’ll debut em vs Greece pic.twitter.com/k41K7cUj0j
— Italian Football TV (@IFTVofficial) October 7, 2019