Top Sport

Новиот газда на Ливорно „го нема“, клубот ќе престане да постои на 30 јуни

Италијанскиот фудбалски клуб Ливорно ќе престане да постои на 30 јуни доколку не се оствари најавеното преземање на клубот од нови газди, предупреди претседателот Алдо Спинели.

Спинели го продаде клубот на холандскиот бизнисмен Мажд Јусиф на 6 февруари, со што се стави крај на неговото дводецениско водење на клубот како сопственик, но ова се поклопи со пандемијата на корона вирусот и 80-годишниот Спинели вели дека веќе не се слушнал со Јусиф.

„Не сум слушнал ништо од него. Ако договорот не се оствари на 30 јуни, ќе го затворам клубот и ќе му ги дадам на градоначалникот Салвети клучевите од клубот. Нема да го регистрирам за следната сезона“, вели Спинели за „Ла газета дело спорт“.

Малиот клуб од Тоскана влезе во Серија А во 2004 година, а во 2006 година играа и во УЕФА купот, пред од 2014 година да се во Серија Б. Спинели  објасни дека има план за комплетирање на сезоната, во која тие се на последното место на табелата со само теоретски шанси да избегнат испаѓање.

„Ако сакаат да продолжи сезоната, ќе играме само на југот, каде што нема вирус. Ние веќе имаме букирано хотел во Реџо Калабрија“, вели Спинели.

Scroll to Top