Top Sport

Сити не им го даваат Сане на Баерн за „мали“ пари

И покрај шпекулациите дека Лирој Сане договорил петгодишен договор со Баерн Минхен, Манчестер сити нема да му доволат да замине од клубот за „малку пари“ ова лето.

Договорот на Германецот со Сити завршува во 2021 година, а тој беше дел од трансфер сага меѓу двата клуба и минатото летон, пред да добие сериозна повреда на коленото на мечот од Комјунити шилд во август. Баерн решија да не направат обид во јануари, но сега како што се наближува враќањето на фудбалот, повторно се заинтересирани.

Поради несигурноста на фудбалските пазари поради кризата со корона вирусот, Баерн очекува да го добие 24-годишниот Сане за 40 милиони евра, сума за која во Сити не веруваат дека е сериозна, бидејќи најдобриот млад фудбалер во Премиер лигата во 2018, чинеше 41 милиони евра кога тие го купија од Шалке во 2016.

Во Сити се подготвени дури и да остават да истече договорот на фудбалерот, со што не би добиле ништо за него следното лето.

Scroll to Top