Top Sport

„Новиот“ Јунајтед на Рангник стартуваше со победа

Манчестер јунајтед, во нова тактичка варијанта на Ралф Рангник 4-2-2-2, со пресинг и со поголема контрола на топката, стигна до тешка 1:0 победа над Кристал палас на „Олд Трафорд“ за новиот почеток на германскиот стратег и повторно надеж за фановите.

Тотенхем, овојпат, без проблеми со 3:0 го совлада Норич, додека Лидс дома пропуштија 1:0 водство за на крајот во последните секунди да постигнат гол за 2:2 реми со сензацијата на сезоната досега, Брентфорд.

Рангник реши првиот меч како менаџер на „ѓаволите“ да го почне со истиот состав со кој стигнаа до 1:1 реми кај Челси, но со сосема поинаква игра, која беше забележива веднаш со доминација на топката и поседот и пресинг од првата минута. Сепак, одбраната на Палас се пробиваше тешко и покрај големиот број на обиди, се до 77. минута кога убавиот удар на Фред заврши во мрежата на гостите.

Лукас Моура, Давинсон Санчез и Сон Хеунг-Мин стрелаа за тимот на Антонио Конте, за рутинска 3:0 победа над Норич, трета победа во низа во Премиерлигата за Спарси за да останат на еден поен пред Јунајтед на шестото место на табелата.

ПРЕМИЕРЛИГА, 15.КОЛО

Манчестер јунајтед – Кристал палас 1:0

Тотенхем – Норич 3:0

Лидс – Брентфорд 2:2

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top