Top Sport

Новиот премиерлигаш Шефилд јунајтед добил заем од семејството на Бин Ладен

Шефилд јунајтед, клубот кој од следната сезона ќе игра во англиската Премиер лига, добил заем од 3 милиони фунти од семејството на Осама Бин Ладен, се дозна на судскиот процес кој се води пред Врховниот суд во Лондон.

Според „Дејли телеграф“, се работи за борба за превласт во клубот помеѓу ко-сопствениците Кевин Меккејб и принцот Абдула бин Муса бин Абдул Азиз, кој инаку е член на кралското семејство на Саудиска Арабија. Парите биле позајмени од „Проектот делта“, компанија во сопственост на семејството Бин Ладен.

Двајцата сопственици на Јунајтед имаат по 50 отсто од клубот. 71-годишниот Меккејб се сретнал со 54-годишниот Абдула во 2013 година, кога Меккејб му  советувал да вложи пари во клубот. Саудиецот вложил 10 милиони фунти, но од 2017 година двајцата се во конфликт.

Scroll to Top