Top Sport

Џиро: Конти ја презеде розевата маичка по шестата етапа

Валерио Конти е нов сензационален лидер на Џиро Д’Италија, откако Фаусто Маснада победи на шестата етапа, а успешниот обид за соло-трка значеше дека имаме нов лидер по шест дена тркање.

Досегашниот лидер Примож Роглич падна уште на стартот на етапата, по што тимот на Словенецот, Џамбо-Висма реши да не ризикува и да го намали темпото за да се заддржат ривалите за победа во генерален пласман, дозволувајќи другите да тргнат по победа на етапата во централна Италија.

Италијанското дуо Конти и Маснада, потоа, работеа заедно за да се одвојат од главната група на најголемото искачување на етапата, за прва домашна победа на 102. издание на Џирото. Маснада (Андрони Џакатоли) стигна до својата прва победа на големите трки со пет секунди пред Конти (УАЕ Тим Емирати).

Конти сега има 1:41 предност пред сонародникот Џовани Карбони (Бардијани-ЦСФ), кој беше петти во етапата и сега е носител на белата маичка како најдобар млад велосипедист. Роглич на крајот падна на 11. место во генерален пласман со 5:24 заостанување зад Конти, но со заддржана 35 секундна предност пред неговиот најголем ривал за победа во генерален пласман, Сајмон Јејтс (Мичелтон-Скот).

Scroll to Top