Лече ја забележа првата победа во новата сезона во Серија А, прва за нив по седум години, откако изненадувачки успеаја да ја прекинат победничката низа на Торино на гости, триумфирајќи со 2:1.
Диего Фариас им донесе неочекувано водство на гостите во 35. минута од мечот, но „Граната“ се врати во 58. минута, кога Андреа Белоти беше прецизен од белата точка за израмнување. Сепак, гостите беа упорни и во 73. минута преку Марко Манкосу стигнаа до водство кое не го испуштија до крајот на натпреварот.
Инаку, постигнувањето на Лече е уште поимпресивно ако се знае дека Торино се еден од најцврстите тимови на домашен терен во Серија А и имаа низа од 12 меча без пораз дома.