Top Sport

Партизан очекува 20.000 деца на трибините за првиот меч од Лига Европа

Партизан очекува околу 20.000 деца на стадионот за првиот меч од Лига Европа против холандскиот АЗ Алкмар, откако поради казната на УЕФА само на деца до 14 години ќе им биде дозволен влез на стадионот.

И во мечот од баражот за пласман во ЛЕ против Молде, Партизан го бодреа само деца и членови на јуниорските тимови (околу 6.000), и сега маркетинг-директорот на клубот Предраг Вујовиќ вели дека очекува многу поголема посетеност.

„Интересот на фудбалските школи е огромно и не се јавуваат само луѓе од Србија, туку и од Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора“, вели Вујовиќ за „Вечерње новости“.

Казната на тимот на Саво Милошевиќ завршува со овој меч.

ЛЕ: Партизан победи за децата на трибините, Вулверхемптон го доби Торино (видео)

Scroll to Top