Новиот тренер на Милан, Марко Џампаоло вели дека ќе преземе мирен и „интелектуален“ приод кон менаџирањето на своите фудбалери.
Џампаоло е познат како еден од потивките италијански тренери, и поранешниот прв човек на Сампдорија јасно посочува дека нема менување на фудбалската филозофија, и покрај големиот притисок кој ќе го има како тренер на Милан.
„Милан има милиони фанови и секогаш бил еден од најсаканите клубови на светот. Тука ја чувствувам историјата на клубот, што значи да се победува, што значи да се имаат големи амбиции. Верувам дека мораш да бидеш свој. Никогаш да не играш улога која не е твоја или не ти прилега. Не зборувам многу, но се обидувам да создадам интелектуални односи со моите фудбалери. Јас ги сакам моите фудбалери и секогаш ги поддржувам. Ги сакам тие кои работат и молчат. Можеме да комуницираме со однос и без зборови“, вели Џампаоло во интервју за „Милан ТВ“.
Official Statement: Rossoneri First Team Coaching Staff ➡ https://t.co/yq6Y9pkudV
Comunicato Ufficiale: lo staff tecnico della Prima Squadra maschile ➡ https://t.co/OFgoDj0PVZ pic.twitter.com/IkjdAsRGSk
— AC Milan (@acmilan) July 9, 2019