Top Sport

Новите газди на Милан ќе го заддржат Малдини и ќе му ја намалат платата на Златан

Според „Ла газета дело спорт“, „Инвесткорп“, компанијата која преговара да го купи италијанскиот гигант Милан планира да ги заддржи Паоло Малдини и Рики Масара во менаџерскиот тим на „росонерите“,  додека Златан Ибрахимовиќ ќе добие значително помала плата ако репи да остане.

Фондацијата од „Бахреин“ е во напреднати преговори со американските газди на Милан, „Елиот менаџмент“ и се верува дека во следните две недели ќе биде склучен договорот вреден 1.1 милијарди евра.

Иван Газидис, генералниот директор на клубот, сигурно заминува без „Елиот“, но на спортски план, Малдини и Масара би требало да останат на своите позиции, откако тие биле импресионирани од работата која била завршена последните неколку години.

Околу 40-годишниот Ибрахимовиќ, пак, прво ќе се почека одлукаата на Швеѓанецот дали ќе продолжи уште една сезона, и ако планира да биде активен, тој ќе добие значително помала плата од сегашните 7 милиони евра по сезона, со што е најплатен фудбалер на клубот.

Scroll to Top