Top Sport

Ново „бледило“ од Јунајтед – само поен кај „фенерџијата“ Барнли

Манчестер јунајтед не успеа да стигне до три поени на гостувањето кај последнопласираниот тим во Премиерлигата, Барнли, задоволувајќи се само со поен, со кој повторно го губат четвртото место откако претходно Вест хем ги совлада Вотфорд.

Со Кристијано Роналдо на клупата, тимот на Ралф Рангник почна сигурно и веќе во 13. минута постигнаа гол преку Рафаел Варан, но ВАР системот им го поништи поради офсајд позицијата во која беше Хери Мегваер. Потоа, им беше поништен уште едне гол на повратникот Пол Погба, овојпат поради фаул, пред Погба конечно да ја затресе мрежата на противникот во 18. минута.

Барнли во првите половина час немаа удар на голот, но на самиот старт на второто полувреме, во 48. минута стигнаа до израмнување преку Џеј Родригез. И покрај тоа што Роналдо, Џеси Лингард и младиот Ентони Еланга влегоа во игра во последните дваесетина минути, „ѓаволите“ не успеаја да постигнат гол.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top