Top Sport

Њукасл преку Евертон до безбедната зона, сите против Зума на Вест хем-Вотфорд

Вест хем со 1:0 го совлада Вотфорд за да ја прекине низата од два порази и да се врати во борбата за четвртото место во Премиерлигата во меч во кој бесот на домашните навивачи беше насочен кон Курт Зума, францускиот дефанзивец кој беше во центарот на вниманието на британската јавност по објавувањето на снимката во која ја шутира својата домашна мачка.

Џеред Боуен го постигна единствениот гол на мечот во 68. минута за важни три поени за тимот на Дејвид Мојс, додека резултатот го „турка“ Вотфорд под новиот менаџер Рој Хоџсон на претпоследното место на табелата.

Од опасната зона излезе Њукасл по 3:1 победата над Евертон под новиот менаџер Френк Лампард, со што сега се на 17. место на табелата со 18 поени, само еден помалку од 16-пласираниот Евертон.

Џамал Ласел си постигна автогол во 37. минута од мечот за водство на Евертон, но веќе во следната минута Мејсон Холгејт врати со истата мерка на другата страна за израмнување. Рајан Фрејзер во 56. минута го воодушеви „Сент Џејмс парк“ носејќи ги Њукасл во водство, пред Киеран Трипиер во 80. минута со прекрасе гол од слободен удар да го потврди триумфот, само трет оваа сезона, но втор едноподруго.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top