Top Sport

Ново признание за Меси, репрезентативната база на Аргентина ќе го носи неговото име

Заедно со бројот на освоени награди во текот на кариерата, Лионел Меси доби уште едно признание. Неговото име од денеска ќе ја краси базата на репрезентациите на Аргентина, која се наоѓа во Буенос Аирес.

На специјална церемонија, со учество на претседателот на федерацијата Клаудио Тапија и поранешни и сегашни репрезентативци на „албиселесте“, комплексот го доби своето ново име.

„Ви благодарам за признанието, толку е возбудливо“, изјави Меси. „Во оваа база доаѓам 20 години и тоа го правам со задоволство од првиот ден. Многу е убаво да се знае дека базата отсега ќе го носи моето име. Чувството е посебно поради многуте фудбалери кои поминале оттука. Поминав низ тешки времиња, но секогаш сум бил среќен кога доаѓав овде. Јас сум еден од оние кои веруваат дека таквото признание треба да им се даде на луѓето додека се живи“, истакна аргентинскиот ас.

Scroll to Top