Top Sport

Ново разочарување за Атлетико – реми без голови со Леганес (видео)

Неколку дена по шокантното испаѓање од Копа дел реј од Саламанка, навивачите на Атлетико Мадрид доживеаја уште едно непријатно изненадување, откако тимот на Диего Симеоне не успеа да го победи последнопласираниот  тим на Леганес на „Ванда метрополитано“.

Со ова реми Атлетико останува на четвртото место на табелата со 36 поени, два помалку од третопласираната Севилја, и дури седум зад лидерот Барселона (разликата може да биде 10 поени зад Реал Мадрид доколку „кралевите“ ги победат Валјадолид).

Леганес пак, со освоениот поен, се „мрднува“ од последното место на табелата со 15 поени, колку што има и последнопласираниот Еспањол. Безбедната зона е на три поени од клубот.

Scroll to Top