Top Sport

Збунетиот навивач на Вилјареал доби непосакуван дрес од Алавес! (видео)

Вилјареал победи на гости кај Алавес со 2:1 во саботата, но по мечот се случи најзачудувачкиот момент, кога еден навивач на Вилјареал доби непосакуван подарок од Лукас Перез.

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Перез по крајот на мечот очигледно разочаран од поразот на Алавес, реши да почести некој навивач со неговиот дрес, но наместо кај неговите навивачи, тој заврши кај еден навистина збунет фан на Вилјареал, кој се обидуваше да дознае зошто ја добил таа чест.

Scroll to Top