Новото засилување на Њукасл јунајтед, Ентони Гордон, за кого тие платија 45 милиони фунти на Евертон, може да заглави во затвор откако беше забележан како вози автомобил иако има претходна забрана.
21-годишниот Гордон го навлече бесот на навивачите на Евертон откако примора трансфер во јануарскиот преоден рок од клубот во кој ја почна кариерата, и според „Сан“, во средата бил забележан ако вози покрај неговата девојка Ени Китинг во предградијата на Њукасл.
Поради претходна сообраќајна казна, тој има забрана да управува со возила, а британските закони, кои се прилично стриктни за овие правила (претходно беше казнет и нивниот премиер Риши Сунак поради тоа што не носеше појас во автомобил), тој може да добие затвор од шест месеци.
Newcastle United new signing from Everton Anthony Gordon could face jail after driving just two days after being slammed with driving ban. pic.twitter.com/ebWEoJLRGT
— Futball News (@FutballNews_) February 4, 2023