Top Sport

„Ножичките“ на Адуриз ја казнија Барса, Каталонците останаа и без Суарез! (видео)

Барселона немаше најдобар старт на одбраната на титулата од Ла лига, откако доживеа незгоден 1:0 пораз од Атлетик Билбао со гол во финишот на мечот, а покрај тоа го загубија и Луис Суарез поради повреда.

Без Лионел Меси, кој исто така е повреден, „товарот“ беше на плеќите на Антоан Гризман, во првиот конкурентен меч за него во дресот на Блауграна, но сепак, голови на „Сан Мамес“ немаше. Суарез имаше убава шанса во првото полувреме, пред да биде повлечен од игра поради повреда на подколеницата, а и неговата замена Рафиња беше во изгледна шанса.

Второто полувреме беше малку подобро за Барселона и без Суарез во игра, но патот до голот на Унаи Симон тешко се наоѓаше, иако Иван Ракитиќ во 70. минута немаше среќа во шестнаесетникот.

Атлетик имаше три шанси преку Ињаки Вилијамс, но ниту една доволно опасна за голот на Тер Штеген, пред во 88. минута во игра на негово место да влезе 38-годишниот ветеран Ариц Адуриз и по само една минута на теренот да постигне фантастичен гол со „ножички“ за три поени за баскискиот клуб.

Scroll to Top