Top Sport

Нуделе 105 милиони евра за Кулибали

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, открил дека клубот одбил богата понуда за трансфер на дефанзивецот Калиду Кулибали.

Медиумите шпекулираат дека заинтересираниот клуб бил Манчестер Јунајтед. Англискиот тим се обидува во зимскиот преоден рок да го ангажира Сенегалецот.

„Ние сме во состојба да развиваме млади играчи во нашиот клуб и потоа да ги задржиме на долг период тука. Кога ќе ни понудат 105 милиони евра за централен дефанзивец, тоа е знак дека се работи за врвен играч. Никој никогаш не понудил толкава сума за играч од одбраната“, рекол Де Лауренти за „Кориере дел Мецоџорно“.

Кулибали, оваа сезона одиграл 22 натпревари за Наполи. На „Сан Паоло“ овој играч пристигнал во 2014 година од Генк за сума од осум милиони евра.

Scroll to Top