Top Sport

Њукасл го договори трансферот на Харви Барнс

Њукасл ги договори условите за ангажман на Харви Барнс од Лестер. Двата клуба веќе се договорија за зделка вредна 39 милиони фунти.

25-годишниот фудбалер веќе ги прецизираше личните услови и треба да биде големо засилување за Њукасл за настапите во ЛШ и за новата сезона во Премиерлигата.

Левото крило на Лестер минатата сезона за „лисиците“ забележа 40 настапи, 13 гола и три асистенции, но не можеше да му помогне на својот тим да обезбеди опстанок.

По доаѓањето на Барнс, најверојатно Њукасл ќе се согласи на продажба на Ален Сен-Максиман во саудискиот клуб Ал-Ахли.

Scroll to Top