Top Sport

„Нула“ за Милан кај Сасуоло, Мањан фантастично одбрани пенал

На „Мапеи“, стадионот каде што пред неколку месеци го прославија освојувањето на скудетото, Милан одигра само 0:0 на гости кај Сасуоло за второ реми во четири кола во новата сезона од Серија А.

„Росонерите“ на крајот треба да му се благодарни на голманот Мајк Мањан, кој во 23. минута во најинтересниот момент на мечот, кога по досудениот пенал, фантастично му го одбрани обидот на Доменико Берарди.

Ниту промените во второто полувреме, кога во игра влегоа Де Кетеларе, Тонали и Жуниор Месијас, не успеаја да го подобрат нападот на гостите и на крајот се задоволија со само еден поен.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top