Top Sport

Претседателот на француската федерација застана зад Погба по шпекулациите дека му фрлил „клетва“ на Мбапе

Претседателот на Француската фудбалска федерација, Ноел Ле Грет вели дека очекува Пол Погба да биде дел од француската репрезентација на Светското првенство во Катар по обвинувањата на неговиот постар брат Матијас Погба поврзани со наводната „клетва“ која сакал да ја фрли кон соиграчот од репрезентацијата, Килијан Мбапе.

„Работите за кои зборувате се обични шпекулации. Се надевам дека ќе останат такви, бидејќи го сакам Погба и се надевам дека ова нема да донесе до негово исклучување од тимот за Светското првенство. Тој секогаш бил позитивен пример за сите во тимот“, вели Ле Грет за радиото „РМЦ“.

Матијас Погба во текот на викендот најави „експлозивни“ откритија за неговиот брат, неговиот агент Рафаела Пимента, но и Мбапе, по што од тимот на Погба објавија дека Матијас е дел од обидот за уцена за 13 милиони евра. Според „РМЦ“, Погба веќе платил 100.000 евра за да ја купи „тишината“ околу скандалот, но тие барале далеку повеќе пари.

Scroll to Top