Top Sport

Нулата на „Ноу Камп“ го израдува Реал

Барселона и Атлетико Мадрид одиграа 0:0, во дерби натпреварот, одигран во 35.коло во Ла Лига. На ваквиот резултат најмногу се радуваат во таборот на Реал. На три кола до крајот на сезоната Атлетико ја задржа предност од два поени во однос на Барселона. „Јорганџиите“ имаат три поени повеќе од Реал, кој утре ќе го одигра дербито со Севилја.

Атлетико, имаа можност да извлечат многу повеќе од овој натпревар, бидејќи беа подобри во првото полувреме. Анхел Кореа во 19минута имаше шанса, потоа два пати се закани Караско, па Луис Сурез.

Единствената закана во првиот дел Барса ја криераше преку Меси. Аргентинецот нанижа неколку играчи на Атлетико, но неговиот удар од 18 метир го одбрани Облак.

Во вториот дел, Барселона го имаше поседот притискаѓе кон голот на Облак но без конкретен резултат. Меси два пати се обиде од слободен удар, додека најдобрата шанса ја имаше Дембеле, чии удар со глава заврши над голот.

Scroll to Top