Top Sport

Дортмунд го победија Лајпциг, Баерн ја одбранија титулата

Баерн Минхен ја одбранија шампионската титула во Бундес лигата. Баварците, и пред да се комплетира 32.коло, во шампиони го провориа Борусија Дортмунд. „Милионерите“ во дербито на колото го победија Лајпциг со 3:2. Со овој триумф и со натпревар повеќе, Борусија го скокна Ајнтрахт на четвртото место на табелата.

Борусија до победата во дербито дојде со голот на Санчо во 97.минута. Англиачнцот со овој гол стави точка на мечот и на својот одличен настап. „Милионерите“ испуштија предност од два гола до која стигнаа со головите на Ројс во седмата и Санчо во 51.минута.

Лајпциг се вратија преку Клостерман (63.минута) и Олмо (77:минута).

Со крупни чекори кон Лигата на шампионите одат и фудбалерите на Волфсбург. „Волците“ со 60 поени се трети на табелата. Волфбруг во ова коло со хет-трикот на Јосип Брекало го победија Унион Берлин.

Scroll to Top