Најскапото засилување во историјата на Ливерпул, Дарвин Нуњез, би можел да го пропушти утрешниот натпревар со Реал, во Лигата на шампионите.
На прес конференцијата, менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, откри дека Уругваецот е повреден.
Нуњез одигра одличен натпревар против Њукасл, го постигна првиот гол и му го трасираше патото до победата на својот тим.
Сепак, тој пред време го напушти теренот. Се пожалил на болка во рамото по еден дуел со Киран Трипие.
„Има шанса да игра утре. Ќе видиме како ќе се чувствува денеска, односно дали ќе има болка. Тогаш је ја донесеме конечната одлука“, изјави Клоп.
Натпреварот на „Енфилд“ се игра утре од 21 часот.