Португалскиот стратег Нуно Еспирито Санто кој работеше во Премиерлигата во Тотенхем и во Вулверхемптон, ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Тој е нов тренер на Ал-Итихад.
Португалецот беше без работа од ноември минатата година и го прифати предизвикот со Ал-Итихад да се бори за шампионската титула во новата сезона.
Минатата година Ал-Итихад заврши на второто место во првенството на Саудиска Арабија.