Top Sport

Хрватска „бронзена“ на ЕП

Ватерполо репрезентацијата на Хрватска го освои бронзениот медал на Европското првенство, откако во „малото финале“ ја победи Италија со 10:8. Хрватска до бронзениот медал дојде без селекторот Ивица Туцак, кој поради исклучувањето во полу-финалето против Србија, не можеше да ја предводи својата репрезентација.

Победата над Италоја, Хрватите ја најавија во првата четвртина, во која одиграа беспрекорна одбрана и која ја добија со 4:0.

До крајот на првото полувреме Италија успеа да фати приклучок, па по првите две четвртини резултатот беше 7:5.

Третиот период и припадна на Хрватска со 2:1, а последниот на Италија со ист резултат.

Лорен Фатовиќ беше најефикасен во хрватската репрезентација со три гола, а по два постигнаа Андро Бушље и Лука Лончар. Со по два гола најефикасни кај Италија беа Франческо ди Фулвио и Валентино Гало.

Scroll to Top