Top Sport

О’Нил избори опстанок, Борнмут го „наградија“ со отказ

Фудбалскиот клуб Борнмаут потврди менаџерот Гери О’Нил добил отказ. Одлуката е изненадувачка, бидејќи О’Нил успеа да избори опстанок во Премиер лигата.

„Можеме да потврдиме дека се разделивме со менаџерот Гери О’Нил“, соопшти клубот.

О’Нил, минатата сезона го предводеше Борнмут на 37 натпревари.

„Десет победи и шест нерешени беа доволни за да останеме во Премиер лигата, изборивме опстанок на четири кола до крајот по одличната серија на резултати во април“, се вели во соопштението на Борнмаут.

Сопственикот на Борнмут, Бил Фоли, изјавил дека „со тешко срце ја донеле одлуката“. Решле да го отпуштат О’Нил откако направиле сериозна анализа околку тоа што е најдобр за тимот за следната сезона.

Scroll to Top