Top Sport

За фудбалер од третата лига на Хрватска Барса постави откупна клаузула од 400.000.000 евра

Резервниот тим на Барселона на социјалните мрежи го потврди доаѓањето на Микајло Фаје (18) од хрватскиот третолигаш Кустошија.

Каталонците ќе платат пет милиони евра како обештетување, младиот дефанзивец потпиша договор до 2027 година.

Дополнително, во неговиот договор има и излезна клаузула, па заинтересираните клубови ќе треба да платат 400 милиони евра доколку сакаат да го доведат.

Тотално бизарно, ако се земе предвид дека се работи за играч кој неодамна беше актер во плејоф натпревар за пласман во вториот ранг на хрватскиот фудбал и загуби.

Барса го гледа Фаје како врвен талент, кој би можел за неколку сезони да конкурира за место во првиот тим.

За неговите услуги беа заинтересирани и Челзи и Борусија Дортмунд.

Фаје во Кустошија пристигна на 2 февруари годинава од сенегалски Даимбарс, а во оваа полусезона постигна гол и асистенција на 14 настапи за 1.140 минути игра.

Може да игра на позициите лев бек и стопер. Има десет настапи за У-17 репрезентацијата на Сенегал.

Scroll to Top