Пјер-Емерик Обамејанг се врати во Лондон. Габонецот, по само шест месеци ја напушти Барселона, кариерата ќе ја продолжи во Челси. 90 минути пред истекот на преодниот рок, Челси го потврди трансферот на поранешниот играч на Арсенал.
Челси и Томас Тухел се убедени дека Обамејанг е она што му недостасува на тимот, кој во овој преоден рок остана без Ромелу Лукаку и Тимо Вернер.
Обамејанг со Челси потпиша двегодишен договор, со опција тој да биде продолжен на уште една сезона. „Сините“ за трансферот издвоија 12.000.000 евра.
Како играч на Арсенал одигра 163 натпревари со 92 гола и 21 асистенција, додека во Премиер лигата постигна 68 голови на 128 настапи во Премиер лигата.
Во кариерата Габонецот одиграл 610 натпревари, постигнал 310 гола.
Челси во преодниот рок на засилувања потроши речиси 280.000.000 фунти.