Top Sport

Обамејанг ќе го засили Атлетико Мадрид?

Пјер-Емерик Обамејанг би можел да се врати во шпанското првенство. Англиските медиуми ја споменуваат можноста да се пресели во Атлетико Мадрид, во трансфер кој не се поврзува со заминувањето на Жоао Феликс во Челси.

Обамејанг играше во Ла Лига за Барселона од февруари минатата година до крајот на сезоната. На 24 натпревари за каталонскиот клуб постигна 13 гола, а потоа се пресели на „Стемфорд бриџ“.

Сепак, во последниот период ги стартува мечевите од клупата за резерви под раководство на Грем Потер. На Атлетико Мадрид очајно му е потребен нов напаѓач, а се споменува и доаѓањето на Мемфис Депај од Барселона.

Scroll to Top