Пјер-Емерик Обамејанг во првото полувреме го имаше можеби своето најголемо промашување на празен гол во кариерата, но одговори со два гола во вторите 45 минути за да ги предводи Арсенал до 3:0 победа над Њукасл, четврт триумф во последните пет премиерлигашки дуели на тимот на Микел Артета.
На стартот на мечот, Обамејанг, успеа да промаши буквално празен гол од одлична ситуација, разочарувајќи ги навивачите на Арсенал, но по полувремето се врати освежен на теренот и капитенски во 50-тата минута го донесе очекуваното водство на домаќините.
Младиот Букајо Сака ја продолжи одличната сезона со гол во 60-тата минута, а Обамејанг во 77. минута стави точка на натпреварот со својот втор гол. Арсенал сега е на 10. место со 27 поени, но само на седум поени од топ 4 пласман, додека Њукасл се 15. со 19 поени.
Кога не оди, не оди! Обамејанг промаши (буквално) празен гол