Top Sport

Далиќ го продолжи договорот со Хрватска

Златко Далиќ го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз на Хрватска. Далиќ ќе ја предводи репрезентацијата до 2024 година, односно до завршувањето на Европското првенство чии домаќин ќе биде Германија.

„Селектор сум на националниот тим, тоа е најголема чест за мене. Да ја тренираш репрезентацијата на својата земја е привилегија, поради тоа веднаш ја прифатив понудата. Убеден сум дека успешно ќе ги минеме квалификациите за пласман на ЕУРО 2024“, изјави Далиќ.

Златко Далиќ е селектор на Хрватска од 2017 година. Во неговиот мандат Хрватска го оствари најголемиот успех во историјата, на СП во Русија „коцкестите“ го освоија второто место.

Scroll to Top