Top Sport

Обложувалниците имаат јасен фаворит за потписот на Кристијано Роналдо

По официјалната потврда на Манчестер јунајтед дека му го раскинуваат договорот на Кристијано Роналдо, со што португалската суперѕвезда останува слободен играч, англиските обложувалници веднаш почнаа со типувањето за неговата следна дестинација.

Кај повеќето обложувалници, вклучувајќи го и „Скај бет“, прв фаворит е првиот професионален клуб на Роналдо, Спортинг Лисабон, каде што играше до 2003 година, кога потпиша со Манчестер јунајтед. Нив им се дава 7/4 шанси за потписот на Роналдо.

Сепак, тие исто така веруваат дека и ривалите на Јунајтед, Челси се во игра за потписот, со 5/2 шанси, откако во текот на летото се обидоа да го купат, но тогашниот менаџер, Томас Тухел стави „вето“. Трета најверојатна опција е преселба во МЛС, со Интер Мајами, Лос Анџелес галакси и Лос Анџелес ФЦ како опции, а дури потоа следуваат европските гиганти, Баерн Минхен со 7/1 и ПСЖ со 10/1.

Scroll to Top