Top Sport

Што му кажа Ал-Булајхи на Меси да го „извади“ од такт

Ѕвездата на Саудиска Арабија, Али Ал-Булајхи имал посебна порака да го „извади“ од такт Лионел Меси при 2:1 шокантната победа над Аргентина денеска. Откако Салем Ал-Давсари со фантастичен гол им донесе предност на Саудијците, Ал-Булајхи наместо да слави со своите соиграчи отиде до Меси, го потчукна по грбот и му кажа нешто.

По мечот тој призна дека му кажал: „Нема да победите, нема да победите“, што е доста храбро од негова страна, бидејќи до крајот на мечот имаше 35 минути плус веќе традиционалното долго продолжување. Сепак, тоа се покажа како точно.

Scroll to Top