Top Sport

Австралиска „шок-терапија“ за Французите

По огромното изненадување со победата на Саудиска Арабија над Аргентина и два меча без голови кои следуваа, уште еден аутсајер доаѓа до предност, откако Австралија стигна до водство од 1:0 против актуелниот шампион Франција по само 9 минути игра.

Откако ја имаа иницијативата во текот на мечот, Австралија успеа на брз контранапад да ги изненади „триколорите“, откако Метју Леки имаше фантастична асистенција до Крег Гудвин, кој без проблем го совлада Иго Љорис. Малерот за Франција не можеше да биде поголем бидејќи при таа акција се повреди Лукас Ернандез, кој беше заменет од неговиот брат, Тео Ернандез.

Scroll to Top